Неатрактивни но незгодни се евентуалните противници во третото квалификациско коло од Лигата Европа.
Металург кој во првиот меч одигра 0-0 против Локомотив од Софија доколку мине во наредното коло ќе се судри со подобриот од двомечот меѓу полскиот Шлонск Вроцлав и Данди од Шкотска. На првиот натпревар во Полска славеше домаќинот со минимални 1-0.
Првите натпревари од третото квалификациско коло се играат на 28 јули, а реваншите се закажани за 4 август.
Ohridnews