Британецот Стив Стивенс поставил нов рекорд во танцување, откако без престан танцувал 131 час. Стив, според правилата на гинисовите рекорди, смеел да одмори секој час по пет минути. Започнал да танцува во вторникот, а завршил во неделата.


Рекол дека најтешко му било помеѓу 4 и 6 часот наутро. Морале да му зборуваат за да не заспие. Штом сонцето изгревало, му било полесно и немал никакви проблеми. Енергијата ја одржувал со сокови, зеленчук и лазањи, но сепак за овие пет дена изгубил 1,5 килограми. Претходниот рекорд изнесувал 123 часа и 15 минути. Со своето танцување успеал да собере околу 5000 евра кои ги дал во добротворни цели.