Охриските матуранти станаа дел од Гинисовиот рекорд. Тие беа дел од вкупно 26.924, ученици од повеќе градови во регионот кои истовремено вчера на пладне го изведоа танцот “Квадрил“, со што е поставен нов Гинисов рекорд. Ова е втора година по ред како учениците од охридската Гимназија ја одбележуваат матурата со танц на градскиот плоштад. Ваквата традиција ја воспоставиjа матурантите од Словенија во 2001 година, а од минатата година дел од големата европска прослава се и матурантите од Македонија.


плоштадот во Охрид беше претесен


Гимназијалците подготвени за старт


еден…


…два


три…


се танцууваше на музика на Штраус


одлично расположение


европски воз


фотографија за спомен со градоначалникот


честито матура !

ohridnews
фото: Дигитал Фото Мики