Македонскиот претставник за песна на Евровизија Ѓоко Таневски  видливо збунет и со неразбирлив англиски во интервјуто за естодаѕ.цом, најголемиот независен евровизиски интернет сајт, изјави дека поради тоа што живеел во Охрид, во Осло се чувствувал како риба.

Во интервјуто кое е достапно на видео сајтот “youtube“, кое треба да претставува еден вид промоција за евровизиските претставници, овогодинешните настапувачи од Македонија не претставија со фактот дека слабо или воопшто не знаат англиски.


На прашањето од новинарот, за тоа какви се неговите впечатоци за Осло, Таневски одговори дека бидејќи во Македонија тој живее во Охрид каде што имало големо езеро, тој во Осло се чувствува како риба, на што останатите не можеа да издржат а да не се изнасмеат.

Понатаму во интервјуто, раперот кој го придружува Таневски на Евровизија, рече дека морал да зборува на „мацедониш“ бидејќи не знаел англиски.

Ѓоко Таневски ќе ја претставува Македонија на Евровизија со песната „Јас ја имам силата“, која ќе ја пее на македонски јазик.

OhridNews

извор: „Макфакс“