Се гради низ целата држава. Се гради низ Охрид, градот секој ден ни добива, поубав и далку помодерен лик. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период. Ова денеска на прес конференција го истакна Лазе Таневски – кандидат за пратеник од Охрид од коалицијата „Мижеме“ предводена од СДСМ.
Владата предводена од СДСМ инвестира во инфраструктурата како никогаш досега. Најголемата инвестиција кај нас е во колекторскиот систем во Охрид. Со години запоставен а значаен за да си го зачуваме драгоценото Охридско Езеро како бисер и природна реткост. Извршена е Реконструкција на стариот пат Охрид – Струга, булевар „Туристичка“, улица „Македонија“, улица „Егејска“, улица „АСНОМ“, асфалтирани се голем број улици во сите населби и селата во општината, поставена е нова атмосферска и фекална канализација, партерно се уредуваат патеки, паркинзи и тротоари. – изјави Таневски.
Во моментов, се работи на неколку важни инфраструктурни инвестиции, потенцираше Таневски. Реконструкција на улиците: „15-ти Корпус, „Абас Емин“, „Прва Македонска ударна бригада“, пробиена е новата улица кај поранешната Касарна, Охридска Бригада. Реконструкцијата на велосипедски патеки и тротоари на булевар „Туристичка“ е во завршна фаза. Исто така, градиме 260 км автопати, градиме 300 км експресни патишта, 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1500 км постоечки патни правци низ земјата. И покрај сите перипетии се гради автопатот Охрид – Кичево а ќе почне и реконструкцијата на патот Охрид – Св.Наум. Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори и клучните премини Ќафасан и Деве Баир, додаде тој.
OhridNews