Охридскиот планинар Мишко Танески замина за Аргентина во повторен обид да да го освои највисокиот врв на јужната земјина полутопка Аконкагва, висок 6.965 метри.
Танески лани не успеа во првиот обид да го освои највисокиот врв од јужната полутопка Аконкагва (6.965 метри). Тој се обиде да го освои врвот преку екстремно студениот „Полски глечер“ од северната страна на високата јужноамериканска планина но есктремно ниските температури проследени со силен ветар го спречија охриѓанецот во неговата намерата.