Охридскиот планинар Мишко Танески денеска по 23 часа напорен пат пристигна во Катманду,Непал каде експедицијата ќе остане во наредните два дена. По разгледувањето на градот и набавувањето на дополнителната опрема Танески со својата експедиција заминува за Лукла од каде започнува 20 двневното искачување на врвот Ајланд Пик во округот на Монт Еверест.
– Ни претстои околу 20 дена ефективно искачување во зависност од временските услови. Во Катманду не очекува температура од плус 30, а на врвот Ајланд Пик -30 степени, рече Танески пред заминувањето за Хималаите.
Врвот Ајланд Пик на Хималаите е висок 6189 метри, а тој се наоѓа на оддалеченост од 15 километри воздушна линија од Монт Еверест. Водич на експедицијата е Србинот Драган Јаќимовиќ, а покрај Танески во групата има уште тројца Македонци.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com