Втора среќа за интернационалецот Златко Танески кој доби покана за настап за македонската фудбалска репрезентација за пријателскиот натпревар со селекцијата на Кина. Танески кој настапува во полскиот Белхатов, и лани во овај период од годината доби повик од Јонуз но тогаш мечот со Либија беше одложен, по изостана неговиот дебитатнски настап.
–
Се надевам дека ќе имам среќа и овај пат мечот со нема да се откаже. Чест е да се игра за македонската репрезентација , па и на вакви пријателски натпревари. Нормално се радувам и среќен сум, овај повика доаѓа како подарок за трудот во изминатиот период – вели Танески.
Танески (27) три и пол години го носеше дресот на Лех, каде што во 44 натпревари постигна еден погодок. Дефанзивецот во оваа сезона, сините бои на Лех ги замени со белите на Белхатов. Стандарден е во последната четворка играјќи 14 натпревари во новиот клуб.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com