Вардар тргна фуриозно во одбрана на титулата во првата македонска фудбалска лига. Потоа следуваше мал пад во играта, но со триумфот над Пелистер и Работнички одново “црвено црните“ се вратија на победничките патеки.
– Очекувано беше да има мал пад во играта. Причината е јасна, ние подготовките ги почнавме еден месец пред останатите екипи во македонската лига. Успеавме да се консолидиравме, победивме два натпрери во низа и сега повторно сме на правиот пат, кој води до двојна титула – посочи Танески.
Дефанзивецот на Вардар, Танески не сака да ги коментира одлуките на ФФМ и МВР за забрана на гостински навивачи. Тој порача дека фудбалот се игра за публиката и за полни стадиони.