“Црвено црните“ првата етапа ја завршија на првото место со три бодови повеќе од второпласираниот Хоризонт Турново и само два порази во 18 натпревари.
– Поголемиот дел од конкурентите во есенската полусезона се покажаа во добро светло. Со поголема среќа оваа разлика ќе беше уште поголема но и вака е добро, ќе ни треба среќа за пролетниот дел од првенството – истакна дефанзивецот на Вардар, Златко Танески.
Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар е на вистинскиот пат за двојна круна. “Комитите“ во 1/2 финалето од Купот на Македонија ќе се сретнат со Шкендија додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Тетекс – Силекс.
– Рано е да се зборува за натпреварите во Купот. Но едно е јасно кое сите ние го истакнавме уште на почетокот од сезоната дека одиме на двојна круна. Така да не не интересира кој противник ќе ни попрече до таа цел – порача Танески.
Дефанзивецот Танески есенската полусезона ја заврши предвреме поради повредата на менискусот, но тој е задоволен од прикажаното на “вардарци“ во првата етапа.
– Мораме да бидиме задоволни од прикажаното. Секако дека имаше и лоши моменти, за наша среќа противниците не го искористија – заврши за Ohridnews, Танески.