СВР-Охрид до основното јавно обвинителство во Охрид денеска  поднесе кривична пријава против Зоран Танески, роден 1976 година, поради основано сомнение дека  е сторител на едно кривично  дело „убиство“ врз неговата сопруга Анита Танеска, родена 1985 година. 

„ По грозоморниот чин, СВР Охрид веднаш илзеле на лице место.Од страна на полициските службеници е извршено пребарување и претрес на околината на Оровник, Злести, Белчишта и Ново Село, при што вчера околу 17 часот, осомничениот е пронајден во атарот на Ново Село“, информира портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски. 

Лицето е приведено во полиција и по обавениот разговор, против него е поднесена кривична пријава.

Претходно, Танески се ослободил од автомобилот на неговата сопруга, со марка БМВ, фрлајќи го во провалија длабока околу 70 метри, над селото Оровник.  

Веднаш потоа, пеш се упатил по планината во насока на Злести. Преноќил во планината, а во раните утрински часови, го продолжиол патот кон Ново Село. Во една прилика во продавница во Злести купил леб, кока-кола и две паштети.

Според портпаролот Димоски, СВР Охрид имало добри оперативни податоци за неговото движење.

Танески го призна кривичното дело, а како што информира полицијата, при приведувањето бил изнемоштен и не давал никаков отпор.

Полицијата сеуште не го пронашла ножот со кој е избодена жртвата.

СВР-Охрид на 21-ти овој месец против Зоран Танески поднесе и прекршочна  пријава поради нарушен јавен ред и мир, во домот на неговиот татко во селото Оровник. Тој ден, околу 17 часот настанала вербална расправија помеѓу него и таткото по што, таа прераснала во меѓусебна тепачка во која настрадала и мајката на  убиецот.Веднаш потоа, тој се оддалечил и оттогаш не се вратил дома.

A.Р.