– Тајно во себе посакував да ни падне Шкендија. Подобро ќе беше да се сретневме во финалето, него сега, но така посакуваше ждрепката и јас. Тоа ќе беше вистински спектакл, но секоја чест за Тетекс и Силекс кои стигнале до тука да се борат за место во финалето – истакна дефанзивиецот на Вардар, Златко Таневски
Минатата година неприминлива пречка за “црвено црните“ беше тимот на Ренова, која подоцна и го освои пехарот победувајќи го Работнички во финалето.
– Минатата сезона испаднавме од Ренова, но тоа е зад нас и не се навраќаме. Сегашната цел ни е освојување на двојната круна и по никоја цена нема да одстапиме од зацртаното – рече Танески.
За да се оствари зацртаната цел на фудбалерите и стручниот штаб треба цврста, квалитетна и мотивирана екипа.
– До сега во шампионатот можевме да видиме изедначени екипи и доста изненадувања. Вардар е тим кој го игра целиот натпревар во исто темпо и мислам дека нема да издржат другите екипи таквото темпо во финишот на сезоната. Се надевам дека брзо во пролетниот дел ќе го решиме прашањето околу шампионот, да можеме целосно да се фокусираме на Куп предизвикот – заврши Танески.
На две кола до крајот од есенската полусезна петкратниот првак Вардар има предност од еден бод во однос на второпласираниот тим на Хоризотн Турново.