Танчерката Даун Ноел тврди дека Бритни Спирс ја удрила по лицето за време на пробата за нејзината песна ‘Work Bitch’, и дека Бритни притоа била многу ладна, па дури и не ја стопирала пробата. Танчерката одлучила да поднесе тужба против славната пејечка, тврдејќи дека била ангажирана за снимањето на спотот за песната. Таа заедно со останатите танчерки ја вежбала кореографијата неколку часа, а потоа пристигнала Бритни. Даун тврди дека пејачката се појавила во лоша состојба и дека била прилично збунета, а имала доста потешкотии со изведувањето и на најосновните потези.
Танчерката стоела во нејзина близина кога пејачката се завртела, ги раширила рацете и ја плесната по лицето. Ударот наводно бил толку силен што сите во собата го слушнале звукот на шамарот. Даун тврди дека почувствувала голема болка, а Бритни само и рекла дека и е жал и продолжила со пробата. Танчерката тврди дека и после половина час не можела да ја издржи болката па отишла на лекар, кој и рекол дека има скршена коска на носот и дека и е потребна операција. Луѓето на Бритни ветиле дека ќе ги платат трошоците за лекарскиот преглед, но и по неколку месеци чекање и понатаму ништо од тоа не се остварило. Затоа адвокатот на Даун ќе поднесе тужба против славната пејачка.