Одвивањето на трговијата со соседните земји се одвива непречено. И покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленчук во март 2020 година е поголем за околу 3.000 тони во споредба со 2019 година, додека кај вредноста се бележи намалување, односно беа извезени произиводи за 290 илиони денари или 4,7 милиони евра. Кај свежото овошје има пораст, односно извозот беше поголем за околју 1 милион евра и изнесуваше 3,7 милиони евра или околу 9.126 тони, информира на денешната прес конференција директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.
- Царинската управа заедно со другите институции во земјава прават исклучителни напори за одржување на економската активност и за извршување на извозот. Како резултат на дигиталната царина и безхартиената царинска околина, со воведување на новиот софтвер, од 1 април 2020 година царинската постапка за извоз е целосно без хартија“, рече Танаскоски.
Приходите ид увозните давачки во март во просек бележат намалување за 10 проценти во споредба со минатата година.
Директорот на Царинска управа потенцира дека се преземени низа мерки за олеснување на работата на економските оператори, меѓу кои продолжениот рок на одобренијата за поедноставени постапки до 30 септември 2020 година, укинување на царинските давачки на потрошен медицинскиматеријал, лекови и суровини за производство, укинување на царинската давачка за замрзнато свинско место, можност за одложување на плаќањето на царина, ДДВ и акциза, продолжување на важноста на банкарските гаранции, а поедноставена е постапката за реиздавање одобренија за повластените корисници на етилалкохол.
Танасоски информира дека во последниот период се поднесени шест кривични пријави до ОЈО по различни основи, за фалсификување исправа и за интелектуална приватна сопственост.
OhridNews