Тања Паскали – Бунташеска е нов директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид. Решението со кое Бунташеска се  поставува на раководната функција во Заводот и Музеј – Охрид, вчера го потпиша министерот за култура Арификмет Џемаили.

Тања Паскали Бунташеска е архитект конзерватор и долги години е вработена во Заводот и Музеј. Таа во својата кариера има реализирано повеќе значајните проекти меѓу кои и  возобновувањето на Свети Климентовиот храм Свети Пантелејмон на Плаошник.

Архитект Тања Паскали – Бунташеска на раководната функција во Заводот и Музеј ќе го замени Јордан Трца, кој досега раководеше со националната установа.

ohridnews