Пред самиот почеток на граѓанскиот протест пред зградата на владата каде веќе се насобрани голем број граѓани, полицијата се распореди, а пред нив е поставена тампон зона, момчиња облечени во црвени маици на кои пишува „обезбедување“ кои се наредени за да спречат евентуални инциденти. Пред Владата е поставена бина и се емитуваат аудио снимките од ткн „бомби“, коишто изминативе месеци ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од прислушувани телефонски разговори.
Меѓу првите демоснтранти кои пристигнаа се Абанци од Гостивар кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски и челникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, која е дел од владината коалиција.
Граѓаните ќе побараат оставка од Груевски и формирање на преодна влада. Настанот го следат бројни новинарски екипи од Србија, Бугарија и други земји.
OhridNews
извор Макфакс