Њујоршките градски власти,вечерва,на Тајмс Сквер ќе распоредат 6.000 полицајци кои будни ќе внимаваат најпознатиот дочек на Новата година во светот да мине мирно и безбедно.
Началникот на њујоркшката полиција Вилијам Братон изјави дена нема веродостојни закани за терористички напади, меѓутоа ништо нема да препушти на случајноста.На дочекот на Тајмс Сквер, кој вообичаено кулминира со спуштањето на половина тон тешката кристална топка и истрелување тони конфети, се очекуваат околу милион луѓе.
Полицијата тврди дека Тајмс Сквер ќе биде најсигурното место на светот. На плоштадот ќе се влегува низ еден од 14-те контролни пунктови и кој еднаш ќе влезе во оградениот простор за славење, во него ќе мора да остане до крајот.За безбедноста ќе се грижат полицајци и во униформи и во цивили, на покривите ќе бидат распоредени снајперисти, а Њујорк ќе го надлетуваат хеликоптери. Целиот простор претходно ќе биде проверуван со кучиња за трагање по експлозиви и 500 припадници на специјалната антитерористичка единица. Излезите од подземната железница во близина на Тајмс Сквер ќе бидат затворени, а полицајците ќе бидат и во железницата.
Њујорк има 36.000 полицајци, што е далеку најмногу во САД. Тие добија деновиве 20.000 нови паметни телефони за фотографирање и комуникација, а најважниот њујоршки плоштад и онака е преполн со надзорни камери.
Милион луѓе, доколку поради бројните безбедосни контроли не ги мине волјата за славењето, Новата година ќе дочекаат со настапите на Кари Андервуд, Лук Брајан, Виз Калифа, Чарли Пат и Деми Ловато во добро расположение, но не поттикнати од алкохол, бидејќи тој е забранет Зад нив ќе останат 50 милиони отпадоци, за кои во утрото за неколку часови ќе се погрижат работниците на јавната чистота.
OhridNews
извор Макфакс