Граѓаните од денеска ќе може да го купат лекот тамифлу во сите аптеки во земјава со рецепт од матичен лекар. Пациентите лекот против новиот грип од типот А(Х1Н1) со препорака од инфектолог ќе можат да го добијат бесплатно.

– Донесовме одлука за промена на издавањето на лекот тамифлу со можност пациентите со рецепт од матичниот лекар да го земат истиот за домашните аптеки, но ние сепак остануваме на препораката пациентите најпрво да се консултираат со матичниот лекар, изјави министерот за здравство Бујар Османи.

Во Македонија пред два дена почина 32-годишен маж заболен од новиот грип. На инфективното одделение во скопкската клиника се хоспитализирани 38 пациенти со потешки симптоми, од кои седум се деца до 3 годишна возраст.

Ohridnews