Македонските претставници на Евросонг, Тамара, Врчак и Адријан, вечерва ќе настапат во „Белградската арена“ каде ќе биде одржано второто полуфинале од годинашниот избор на песна на Евровизија. Тие ќе настапат како 18-ти со песната „Во име на љубовта“.

Вечерва настапуваат уште и   Исланд, Шведска, Турција, Украина, Литванија, Албанија, Швајцарија, Чешка, Белорусија, Летонија, Хрватска, Бугарија, Данска, Грузија, Унгарија, Малта, Кипар и Португалија. Десет земји ќе обезбедат пласман во големото финале што ќе се одржи во сабота.

ohridnews