Пливачката Тамара Трајковски  го освои третото место во дисциплината пеперутка на 50 метри во рамките на  втората рунда од Виенскиот куп на кој се натпреваруваат 12 клубови од Виена.


Македонката по потекло до третото место доплива со време 45.04 сек, додека пак  делницата од 50 метри во дисциплината градно ја исплива за 49.43 сек што беше доволно за 5-тото место во нејзината класа. Во вкупниот пласман во сите дисциплини моментално е 6-то пласирана.


Тамара (10) е член на пливачкиот клуб Австрија од Виена каде 3 години тренира, а од 2008 год. активно се натпреварува со нејзиниот клуб во Виенската лига и на интернационални турнири.

Трајковски настапи на 25 интернационален турнир во Фокелбург, Австрија на кој учествуваа пливачи од Австрија, Германија и Унгарија.


Таа во силната конкуренција трките на 50 м и 100 м пеперутка ги заврши со време 42,39 сек. и 1.45,00 сек. што беа доволни за 7 – то место. Трајковски трките од 50 м краул и 100 м грбно ги преплива со време 37,94 сек , односно 1.35,75сек што беше доволно за 9 место.

OhridNews