Македонската радио телевизија донесе одлука Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на Евросонг 2019. Во моментов се во тек консултации со група автори околу песната-национален претставник на годинашниот ЕВРОСОНГ, информира МРТ.
За Тамара ова не е прво искуство на Евровизиската сцена. Таа заедно сo Врчак и Адријан Гаџа ја претставуваше Македонија во Белград 2008 година со песната “Let me love you”. Исто така, како придружен вокал, на евровизиските натпревари настапи и со Тоше Проески во 2004 година и со сестра и’ Тијана Дапчевиќ во 2014 година.
Тамара има успешна соло кариера со издадени 2 албума и огромен број синглови и соработки, соопшти МРТ.
OhridNews