Баладите на Елтон Џон се совршен избор за романтична венчавка, а кога сте ќерка на сопственикот на формула 1 не морате да се задоволите со интерпретации на анонимен бенд, туку можете да си го дозволите оригиналниот изведувач. Тамара Еклстоун му понудила на Елтон Џон милион фунти за настап на нејзината свадба. Таа во јуни ќе се омажи за Џеј Ратленд, поранешен броекр со кој се верила по само два месеци врска. На свадбата би требало да настапат Елтон Џон, Лајонел Ричи и диџејот Келвин Харис, а се очекуваат и познати гости како британската принцеза Беатрис.
Повеќе од 150 гости ќе одлетаат на југот на Франција, каде во хотелот “Du Cap Ferrat” на 10 јуни ќе започне свадбата која ќе трае три дена. Идниот пар резервирал 73 соби во хотелот, на што потрошиле 600 илјади фунти. Елтон сеуште не се огласил по повод понудата. Тој во последно време често настапува на венчавки, дел од хонорарите донира во добротворни цели.