Девојката од милијарда долари, како што ја нарекуваат Тамара Еклстоун, постарата ќерка на Берни Еклстоун, сопственикот на Формула 1, покажала дека дијамантите се најдобар пријател на девојките во мајското издание на Плејбој.
Списанието во продажба ќе се најде овој викенд. Убавата бринета на насловната страна на списанието носи само црни чевли со вртоглави потпетици, а дијамантите ги распослала по своите бујни гради.