Наследничката на Формула 1 Тамара Еклстоун заработува така што работи како модел за костуми за капење и долна облека. Но, на фото сесијата за мајското издание на најпознатото машко списание „Плејбој“ не носи ниту гаќички. Постарата ќерка на милијардерот Берни зазела дрска поза и се фотографирала во долг црн фустан со гол грб, но и гол задник.
Околу неа имало две француски собарки кои се обидуваат да и најдат чевли со вртоглави потпетици кои ќе и одговараат. Освен нејзиниот гол задник, читателите ќе можат да видат уште многу, кога списанието ќе се најде во продажба. Дотогаш Тамара која моментално се наоѓа во Лос Анџелес, размислува да го купи имотот кој му припаѓал на Волт Дизни, со куќа со осум спални соби и 17 тоалети, вредно 99 милиони долари. НЕјзината сестра за куќа во истиот крај платила 85 милиони долари.