Ќерката на сопственикот на Формула 1, манекенката Тамара Еклстоун, која има 31 година, после советувањето со таткото Берни се одлучи на брз развод од 35-годишниот банкар Џеј Рутленд, откако кон крајот на февруари беше уапсен поради сомнение дека му помагал на нарко босот Џејмс Таранто во бекството.
Богатата наследничка се омажи со Џеј во 2013 година на југот на Франција, а свадбата траеше три дена. Нивната ќеркичка Софија е родена на 18 март 2014 година. Рутленд се брани од слобода и моментално му се суди во Лондон. Дека бракот им е практично готов, зборува и фактот дека спијат во одвоени соби во нејзината огромна куќа во Лондон, вредна 88 милиони евра.