Богатата наследничка Тамара Еклстон, ќерка на сопственикот на формула 1 Берни Еклстон, ја покажала својата завидна фигура за време на одморот во Марокот, само четири седмици после породувањето при кое на свет ја донела ќерката Софија.

Таа докажала дека е апсолутно задоволна со своето тело носејќи провокативно бикини, кое јасно ги истакнувало нејзините гради. Тамара во Мароко престојувала во друштво на својата ќерка и уште неколку пријатели, додека нејзиниот сопруг останал дома.