Ќерката на Берни Еклстон, Тамара Еклстон, изразила голема желба да се фотографира за насловната страна на списанието Плејбој потполно гола. Таа изјавила дека веќе се фотографирала за списанија и тоа многу и се допаднало, па затоа тоа би го повторила, посебно ако е во прашање Плејбој. Додала дека за Плејбој се фотографирале многу неверојатни личности, па зошто да не и таа. Рекла дека кога би добила понуда би ја прифатила без размислување.

Иако е честа тема на медиумските написи, богата наследничка истакнала дека трачевите воопшто не ја допираат. Заклучила дека за себе слушнала толку многу ужасни работи, што воопшто не им обрнувала внимание и не ја интересирале.