Откако поранешното момче на Тамара Еклстон Дерек Роуз бил осуден на четири години затвор поради уцена, таа јавно проговорила за тоа, објаснувајќи дека не станувало збор за пари, туку за тоа дека не сакала некој да ја уценува на валкан начин. Иако нивната врска се распаднала уште пред девет години, тој почнал да и го загорчува животот. Имено, тој се заканувал дека долколку не му исплати 200 илјади фунти, на новинарите ќе им продаде приказна за нејзината интима.

Таа во интервју изјавила дека можел да бара пет фунти или пакетче чипс, но ниту тоа не би му го платила. Не станувало збор за тоа, туку едноставно не сакала некој да ја уценува. Според неа тој бил болен насилник и се чувствувала згрозено. Тој барал пари преку меил кој и го испратил во 2011 година. Тогаш се прикажувало нејзиното реално шоу ‘Billion Dollar Girl’.