Ќерката на Берни Еклесто, кој наскоро ќе се венча со 46 години помлада девојка, изјавила дека нема намера да присуствува на свадбата. Тамара Еклестон рекла дека нема да оди на венчавката бидејќи ја почитува својата мајка, и додала дека е изненадена што тој повторно сакал да стапи во брак. И покрај тоа, рекла дека сака нејзиниот татко да биде среќен, што според неа и е.

Таа тврдела дека Берни досега дури и не ја поканил на свадбата. Рекла дека сеуште не добила покана, но сигурно нема да ја избегне. За идната сопруга на нејзиниот татко рекла дека не ја познава и не може да суди. Додала дека и покрај се и било тешко бидејќи имала 25 години кога и се развеле родителите.