Дијамантни обетки од 60 илјади евра, златна нараквица со дијаманти од 30 илјади евра и златен Ролекс се стандардни модни додатоци кои богатата наследничка ги носи кога оди на плажа. Така, Тамара Еклестон се накитила со скапоцени додатоци чија вкупна вредност се проценува на 120 илјади евра и тргнала на плажа.
Со момчето Омар Кјами уживала на одмор на Малдивите. Ова и било втор пат во една година да ги посети овие популарни острови. На својот твитер профил напишала дека сообраќајот во Лондон е катастрофа и дека сакала да се врати на Малдивите и повторно да оди во Дубаи.