Богатата наследничка Тамара Еклестон, на која нејзиниот татко Берни и купил куќа во центарот на Лондон вредна 45 милиони фунти, сега се зафатила со нејзино реновирање. Во вилата со 55 соби планира да направи дискотека, куглана, салон за разубавување и спа за своите кучиња. За преуредување на домот ќе потроши 18 милиони фунти. Иако веќе има неколку гардеробери, Тамара од архитектот барала да и направи сала во која ќе ги чува облеката и обувките.

Неодамна се пофалила дека своите скапи чевли ги облекува само по еднаш, а потоа им ги дарувала на сиромавите. Во куќата вградила лифт поврзан со гаражата, така да таа и нејзините гости не мораат да слегуваат и да се качуваат пешки. Од Јужна Америка нарачала када од кристал Сваровски која чини милион фунти. Под куќата има огромен базен со фонтани, а на проектот за реновирање на куќата работат 80 работници.