Тој напомена дека пред четири децении постоел брод со кој се чистел талогот од крајбрежјето и дека државата треба да размисли за купување на ваков брод, кој ќе може да се користи и за чистење на талогот во Преспанското и Дојранското Езеро.
Според проценките, набавката на специјален брод за чистење на талогот од езерското дно чини помеѓу 7 и 8 милиони евра. Тој брод, според градоначалникот Петрески, би можел да биде опремен со специјална противпожарна опрема со што би се користел за гасење пожари во непристапните терени на крајбрежјето како што се Трпејца, Канео и други.