Нивото на водата на реката Драва во Хрватска e намалено за 15 сантиметри, додека водостојот на Мура стагнира, јавуваат хрватските медиуми.

Наставата во училиштата во загрозените подрачја во шест општини долж Драва е нормализирана,  но месното население се уште е на терен и ја следи состојбата.

Во Република Српска, реката Сава и денеска е во благ пораст, а припадниците на Цивилната заштита редовно ги следат случувањата на теренот.

OhridNews