Талибанците денес соопштиле дека заробиле воено куче кое припаѓа на НАТО силите во Авганистан. Портпаролот на бунтовниците Забиула Муџахид изјавил дека кучето било заробене пред месец дена, за време на борба во областа Лагман, источно од Кабул.

Талибанците објавиле видео снимка на која се види куче опремено со, како што тврдат бунтовниците, камера. Кучето има добри услови за живот и не е повредено, рекол портпаролот. НАТО силите потврдиле дека во декември им исчезнало куче. Алијансата користи борбени кучиња за откривање бомби и во операции на специјалните сили.