Сомен Дебнат од Индија патувал со велосипед низ 33 држави за да предупредува на опасноста од сидата. Патот кој требалo наскоро да го заврши бил прекинат од Талибанци во Авганистан кои мислеле дека е шпиун и го затвориле 24 дена со превез преку очите и врзан за стол. Бидејќи не ги разбирал нивните наредби често бил тепан и изгладнуван. Мислел дека на крајот ќе го убијат.


Еден од милитантите знаел малку англиски па Сомен го наговорил да го пушти да им зготви ручек. Наводно сите биле толку воодушевени што заклучиле дека момчето е безопасно и го ослободиле. Им зготвил луто индиско јадење кое ги расположило сите. На талибанецот кој разбирал англиски во меѓувреме му објаснил дека е само обично момче кое тргнало по авантура. Тој тоа го пренел на шефовите па го ослободиле. До 2020 година планира да посети 191 земја и да пренесува информации за сидата.