Талибанските бунтовници им се заканиле на селаните во Авганистан дека ќе ги убијат ако продолжат да јадат бисквити кои ги добиваат од британските војници.


Сите оние кои тоа ќе го сторат, ќе бидат обесени на дрво а нивниот имот запленет.

„Треба да се срамите што разговарате со нив како да ви се роднини. Денот кога ќе ве фатиме во тоа, ќе ви биде последен“ – порачал водачот на талибанските бунтовници во провинцијата Хелмунд.