Ракометарите на Металург со триумф ја започнаа новата сезона во Лигата на Шампиони, откако по многу драма ја совладаа екипата на Елверум со минимални 18-17 во Борис Трајковски.
Човек на одлука беше Филип Талески кој со погодок во последните мигови од мечот донесе победа и го заокружи својот одличен настап во кој постигна 13 погодоци.
– Многу ми е мило што на домашен терен успеавме да победиме по многу тежок натпревар и да донесеме радост на лицата од нашите навивачи. Самиот факт дека паднаа малку голови кажува дека се играше машки ракомет во одбраната. Целата екипа во ниту еден момент не се откажа кон првата цел, победа и заслугата оди за сите, не само за мене. – рече после мечот Талески.
Татран Прешов е ривалот на Металург во втората рунда од Лигата на Шампиони. Противникот не е непознат бидејќи двете екипи се натпреваруваат во СЕХА лигата.
– СЕХА лигата е едно натпреварување, Лигата на Шампиони е друго и тука немаа важност резултатите остварени претходно во нашите меѓусебни мечеви. Од меч во меч сме се подобри и само со напорна работа ќе стигнеме до таму каде што посакуваме. Сезонава, на секој меч ќе одиме на победа, па што биде нека биде. – заврши македонскиот репрезентативец.
Гол шоу на Талески, победнички почеток на Металург во ЛШ !
OhridNews