Членовите на драмската секција  од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, под водство на професорката по македонски јазик Ирена Бачиќ, синоќа во Центарот за култура ја изведоа комедијата .„7 Начина како да се ликвидира сопругата и зошто?!“.


Младите и талентирани аматери актери до солзи ја насмеаа охридската публика, која ги награди со голем аплауз по завршувањето на претставата, која инаку е подготвувана на специфичен начин со примена на техники при што се работи без напишано сценарио, новина со која учениците имале можност да се запознаат при нивната посета на Меѓународната театарска школа во Берлин. 


Во претставата играа: Владимир Ристески, Игор Русески, Мила Коцарева, Марија Баткоска, Ева Каланоска, Томе Укоски, Викторија Симоноска, Борис Коровеш, Никола Буџакоски, Михаил Целески, Лазар Вучетиќ, Филип Тренески, Ана Марија Михаилова, Катерина Петреска, Марија Димоска, Христина Стојаноска, Јован Цветкоски, Александар Здравески, Јован Паункоски, Марио Димов, Мартин Мишевски, Звонимир Србиноски.

Фото галерија:


Талентираните актери аматери од Гимназија до солзи ги насмеаа охриѓани

OhridNews