Чола е 23 годишна кобила до Невада, САД. Од другите коњи се разликува по тоа што слика и наскоро би требала да има сопствена изложба на сликите во Венеција.


Нејзините слики ги купуваат и славни личности како што е Марта Стјуарт. Се продаваат по цена од 2 и пол илјади евра. Кобилата ја зема четката во уста и со неа слика на ранч во Невада. Нејзините живописни и необични креации толку ги восхитиле луѓето од една уметничка галерија во Венеција, па и понудиле на кобилата изложба. Нејзината сопственичка, Рене Чемберс, го открила талентот на животното пред четири години.

– Ја бојосував оградата и Чола беше многу заинтересирана за тоа што го правев. Сопругот Роберт на шега ми рече да и ја дадам четката. Од тогаш слика и не може без неа и кантичка со боја – изјавила сопственичката.