Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е хоспитализиран на Инфективната клиника, jaви повикувајќи се на партиски извори од ДУИ порталот „360 степени“, пренесува „Независен“.
Џафери, кој според Уставот, треба да ја свика конститутивната седница на новиот собраниски состав најдоцна до 4 август, неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред нејзиното одржување и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.
Ако Џафери не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.
Вчера и завчера министрите за образование и наука и за економија Арбер Адеми и Крешник Бектеши, објавија дека се позитивни на Ковид-19.
OhridNews
извор: „Независен“