Половината од делницата на Охридскиот пливачки маратон поминува во тактизирање на фаворитите за највисок пласман.
Кај Трпејца во благо водство беа Томи Стефаноски и Дамјан Блаум, но сега кај авто кампот Елешец неколку маратонци пливаат во јато.
Завеслаите во минута изнесуваат од 79 до 86 што покажува дека сите пливачи ја чуваат силата за финишот кој следува.
И по три и пол часа пливање сеуште никој маратонец не се откажал од понатамошното натпреварување што говори за подготвеноста на маратонците.
Се очекува после 17 часот првите маратонци да пристигнат на целта на градскиот кеј.
Мх.П.