И покрај тоа што на новата пешачка патека кон Горица не е превидено движење на возила, за дел од такси возачите очигледно тоа не е причина своите клиенти да не ги донесат до самиот влез од угостителски објекти кои се наоѓаат покрај патеката.

Во повеќе наврати од страна на надлежните беше потенцирано дека патеката е направена со цел слободно движење на пешаците и велосипедите за кои се изградени две ленти. Од друга страна и велосипедистите се жалат дека совеста на граѓаните е на ниско ниво затоа што и покрај тоа што е определен посебен простор за нив, тие и понатаму го користат делот наменет за велосипеди.  

OhridNews