Мик Хоган (54) чекал на такси постојка во Лондон кога маж влегол во таксито и му рекол дека задоцнил на авион. Одел во Минхен на ергенска вечер. Мик го предупредил дека тоа ке го чини 2.500 евра со трошоци за патарина и ноќевање во хотел. Мажот во 30-тите години, кој се претставил како Дејв се согласил.

„Беше очигледно дека му се брза. Ми рече дека брзо треба да стигне во Минхен на забавата. Ми го покажа паричникот полн со пари и тргнавме“ – рекол Мик.


Мик отишол дома да земе облека и четка за заби. Преку Франција, Белгија, Луксембург стигнале во Минхен во Германија за 17 часа.

Се претпоставува дека Дејв ги пронашол пријателите бидејќи цела вечер комуницирале преку телефон.

„Не е нешто што би го работел секој ден, но подобро е отколку да возиш пензионери на пазарење“.