Кој вели дека во „градот на гревовите“ владее само лакомост? Имено, еден таксист во Лас Вегас пронашол во своето возило торба со 300 илјади долари и сите пари чесно ги вратил на сопственикот. Откако во една од бројните коцкарници во градот освоил голема сума, еден среќен, но расеан или поднапиен турист заборавил торба со пари во таксито со кое се возел до хотелот.
Возачот на таксито Хередо Гамоа ја забележал торбата во моментот кога во возилото влегувал друг патник. Му рекол дека тој ќе биде сведок и веднаш го повикал диспечерот. Парите ги презела управата на такси службата која се погрижила да го најде сопственикот. Истиот побарал да се запознае со чесниот таксист на кој му ветил нарада. Хередо, кој такси компанијата го прогласила за возач на годината и го наградила со 1000 долари, рекол и ништо да не добие нема никаков проблем. Не очекувал награда а тоа го сторил затоа што бил чесен човек.