Донации од жителите на Аргентина почнале да пристигнуваат откако е поставен веб сајт во чест на таксистите, за како што се наведува, неверојатниот чесен чин. За Аргентинците навикнати на  корупција ова е неверојатна приказна.


Сантијаго Гори, таксист од Ла Плата пронашол пари после возењето на еден постар брачен пар. Откако ги оставил на бараната дестинација забележал дека заборавиле торба на задното седиште.  После неколку дена ги пронашол и им ја вратил торбата. Во неа имало 32 500 долари.