Еден таксист во Њу Јорк вратил повеќе од 21 илјада долари на една италијанка која ги заборавила во неговиот автомобил. Фелициа Летиери ја оставила својата чанта во таксито на Менхетн на Бадник. Во неа биле најзините пари како и парите на шест нејзини роднини.
Полицијата им рекла да не се надеваат многу дека ќе ги пронајдат парите. Меѓутоа таксистот Мохамед Асадужаман ја пронашол во чантата адресата на Лонг Ајленд и отишол таму. Не пронашол никој дома па го оставил својот телефонски број и подоцна се вратил со парите. Таксистот од Бангладеш не ја прифатил наградата од благодарната италијанка.