Таксист во Кина несвесно го превезувал крадецот кој претходно истата вечер му провалил во куќата и ги украл куќните апарати. Таксистот го качил патникот на автобуската станица околу три часот по полноќ.
-Имаше доста апарати за домаќинство па му помогнав да ги стави сите во автомобилот. Воочив дека има и риба без опашка каква што имам во фрижидерот. Но веднаш си се насмевнав себеси што помислив на тоа. – раскажува таксистот.


Патникот му рекол дека штотуку се враќа од далечен пат. Дека се работи за крадецот во неговиот дом сфатил дури кога се вратил дома. Сфатил дека му недостигаат апаратите кои претходно му помогнал на крадецот да ги внесе во автомобилот. Вклучувајќи ја и рибата без опашка. Полицијата подоцна го уапсила 56-годишникот и го обвинила за кражба.