Такси возач од Охрид се соочил со смртна опасност, но благодарение на својата присебност успеал да спаси жива глава. Инцидентот се случил на 11 април кога лицето Ј.Ц. (19) во Охрид изнајмил такси возило и побарал да биде превезен до с.Врбјани.Во моментот кога се приближиле до патот што води кон Славеј планина, лицето Ј.Ц му наредило на таксистот да сврти во тој правец.По околу 4 километри возење,тој побарал од таксистот да  застане по што видно вознемирен инсинуирал телефонски разговор на мобилниот телефон.
 
Тогаш возачот му  побарал пари за такси услугата и  објаснил дека треба да се врати на друг повик во Охрид. Во истиот момент, патникот од јакната извадил огнено оружје пиштол и го вперил кон возачот со наредба да не оди никаде односно да чека тука.
 
По извесно време, таксистот го искористил моментот на невнимание на патникот,успеал да го стави возилото во движење и со голема брзина се одалечил од местото упатувајќи се према магистралниот пат од каде преку мобилен телефон настанот го пријавил во полиција. Со брза и ефикасна акција на полициските службеници на терен, пронајдено е и приведено  лицето Ј.Ц кој  оружјето  во мегувреме го сокрил во шумата.Увидна екипа  изврши увид на лице место,оружјето е пронајдено и  со потврда е одземено за понатамошна постапка.

Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Разбојништво во обид“, СВР Охрид од слобода го лиши лицето Ј.Ц.

ohridnews