Харприт Дев дури и добил посебна дозвола од владата за возење наназад. Кога во 2003 година се враќал од една забава му се расипал автомобилот. Работел само во рикверц. Возењето наназад му се допаднало толку многу што го преправил автомобилот кој сега има четири брзини за возење на назад и само една за напред.


Тој без проблеми достигнува брзина од 80 километри на час. Вели дека овој вид на возење го усовршил и е среќен дека на некој начин  е посебен. Неговиот вид на возење има и нуспојави. Има болки во вратот и проблеми со р’бетот. Сепак не планира да се откаже и да започне да вози на нормален начин.