Краток разговор и возење од две минути биле се што е потребно за еден американски таксист да добие напојница од речиси 1000 долари. Умар Маига, ноќен таксист од Филаделфија, бил толку шокиран што сочекал еден месец со подигнувањето на парите како би бил сигурен дека мистериозниот добродетел не се премислил. Неговиот шеф, сопственик на компанијата „Фридом такси“, Еверет Абитбил вели дека тоа е најголемата напојница која ја видел за толку мала сметка, 4,3 долари за кратко возење низ центарот на Филаделфија.
Маига го собрал непознатиот патник и тие двајца малку поразговарале за возењето такси, за зголемувањето на работата пред Божик, а муптеријата рекол дека знае како возењето такси е тешка работа. Абитбол раскажал дека муштеријата му рекол на таксистот дека ќе се погрижи за него, и кога возачот ги погледнал парите му рекол дека сигурно погрешил. Но, тој рекол дека тоа е она што сака да му даде и дека точно знае што прави.